Изработката на фиокар од масивно дрво претставува совршен спој на традиционално дрводелство и модерна естетика. Во овој проект ќе видите како се поставува горната плоча, како се прави Blind Dovetail фиока со природна прецизност и како се завршува мебелот со ленено уље за природна заштита и топол изглед на дрвото.
(more…)Категорија: Споеви
Типови на споеви / спојки за дрво: Mortise and tenon, Dado, Groove, Half-Blind Dovetail…

Спој лизгачки коси запци (Sliding Dovetail): Начин на изработка
Често се користи во кабинети, изработка на мебел, плоча на маса. Овој спој вклучува машка компонента – долг кос забец (Sliding dovetail) што се лизга во соодветен женски жлеб, создавајќи цврсто прилепување и лизгачки коси запци. Кај масата, горната плоча се лизга по dovetail односно по долгите коси запци.
(more…)
Shoulder Plane – струг за rebate или рамнење на tenon
Кога правев tenon-и за да можат да се вметнат во вдлабнатината на дрвото, беа доста несовршени.
Нерамните tenon-и значат и спојка со процеп или дупка.
За да се израмнат потребен е Shoulder Plane струг.
(more…)
Dovetail Stretcher – преден носач на фиокар
Кога се гради shaker стил мебел, секој детал има своја улога и значење. Еден од таквите важни елементи е dovetail stretcher или преден носач , кој служи како врска помеѓу ногарките на предната страна на фиокарот. Овој дел не само што додава стабилност, туку и ја зголемува цврстината на целата структура.
(more…)
Tapered Legs или Истенчени ногарки
Кога зборуваме за класичен и елегантен дизајн на мебел, tapered legs (истенчени ногарки) се одличен избор.
Овие ногарки додаваат чувство на стабилност и стил, а при тоа се лесни за изработка со традиционални техники на рачно столарство.
(more…)
Натказна – Mortise and tenon спој
Во светот на столарството, потребни се споеви кои овозможуваат стабилни и долговечни парчиња мебел. Една од најстарите и најпочитуваните техники е Mortise and Tenon спој, кој со векови се користи за поврзување на различни делови од дрвени даски. Особено важен е овој спој кога станува збор за ногарките и страниците на фиоките, бидејќи тие мора да бидат цврсти и стабилни за да издржат тежина и честата употреба.
(more…)
Готов проект фиокар и лакирање
Бидна и третиот проект. Нормално и овој беше за вежба.
Затоа и сакав корпусот на фиокарот да го лакирам со боја што ми беше претходно купена. Со заостанатата боја сакав да видам како се заштитува дрвото и како изгледа со нанесен лак.
Бојата на лакот требаше да биде кафена ама излезе некако црвеникава.
(more…)
Трет проект и Half-Blind Dovetail
Во претходната статија ‘Дно на фиока и Groove спојка’ видовме како е изработена првата фиока за третиот проект – фиокар.
Димензиите во овој проект би требало да се точни, за разлика од вториот проект каде беше настаната грешка.
(more…)
Дно на фиока и Groove спојка
Со традиционалната техника на рачно обработување дрво најчесто дното на фиоката се инсталира со шперплоча и креирање на Groove спојка. На страничните даски се вдлабнува линија со ширина на пример 6мм и длабочина 6мм. Таа служи како водилка за шперплочата што ќе се вметне во неа.
(more…)
Погрешна ширина и Dovetail спојка
Во вториот проект – фиокар со 3 фиоки, кога заврши и сè беше готово и спремно, настана разочарувањето. Фиокарот не пасуваше на металниот сталак за палети на бои.
Грешката веднаш беше откриена, а тоа беше дебелината на самото дрво. Дебелината на дрвото не беше пресметана.
Почетничка грешка, но лесна за правење. Искуството си го направи своето.
(more…)
Pocket Hole спојка и нејзина употреба
Како што напоменав во претходната статија за вториот проект фиокар со 3 фиоки, Pocket Hole спојка е добар начин да се прикријат штрафовите. Така нема мебелот изработен од дрво да има груб изглед.
(more…)










