Натказна – Mortise and tenon спој

Спој Mortise-and-tenon 1

Во светот на столарството, потребни се споеви кои овозможуваат стабилни и долговечни парчиња мебел. Една од најстарите и најпочитуваните техники е Mortise and Tenon спој, кој со векови се користи за поврзување на различни делови од дрвени даски. Особено важен е овој спој кога станува збор за ногарките и страниците на фиоките, бидејќи тие мора да бидат цврсти и стабилни за да издржат тежина и честата употреба.

Што е Mortise and Tenon спој?

Спојот Mortise and Tenon е класичен начин на поврзување на два делови од дрво преку вметнување на една страна (tenon) во дупка (mortise). Овој тип на спој е познат по својата издржливост и способност да пренесе големи товари без да се расипе или да се ослаби. Во суштина, tenon е изработен како продолжеток од едниот дел, кој се вклопува во специјално изработена дупка – mortise – во друг дел.

Како се изработува спојот?

Процесот започнува со прецизно мерење и цртање. За ногарката, се изработува тенон кој е малку помал од дупката што ќе ја прима. Потоа, со помош на алатки како длето или машински уреди, се прави mortise – дупката во страницата. Важно е оваа дупка да биде точно изработена за добро вклопување.

Mortis Chiesel (длето)

За длабење рачно mortise (дупката на спојката), потребен е таканаречено, mortis длето.

Mortis Chiesel (длето)
Mortis Chiesel (длето)

Купив 10мм, со што дупката со помош на ова длето ќе биде 1цм широка. Должината е по желба. Зависи и од ширината на страничните даски и големината на tenon-от.

Проблем е звукот, затоа што при длабење на mortis рачно мора со чекич да се удира појако на врвот од длетото и звукот е јак. Затоа во наредната статија ќе видиме како ја изолирав малата просторија на терасата за звучна изолација.

Mortise Спој
Mortise Спој

Предности на Mortise and Tenon

  • Издржливост: Овој спој може да издржи големи товари без да се скрши.
  • Прецизност: Со правилна изработка, спојот е многу точен и стабилен.
  • Естетика: Добро изработениот спој изгледа професионално и додава вредност на мебелот.
  • Долг век: Овој тип на спој трае со години ако е правилно направен.

Заклучок

Спојот Mortise and Tenon е вистински пример за тоа како традиционалните техники продолжуваат да бидат важни во модерното столарство. За ногарките и страниците на фиокарот или маса, овој начин на поврзување обезбедува сигурност, стабилност и долг животен век. Иако бара повеќе време и прецизност при изработка, вреди напорот – мебел што ќе служи со години, без разлика колку често ќе биде користен.

Во некоја идна статија како рачно се сечи tenon.

Comments

Напишете коментар