Кога зборуваме за класичен и елегантен дизајн на мебел, tapered legs (истенчени ногарки) се одличен избор.
Овие ногарки додаваат чувство на стабилност и стил, а при тоа се лесни за изработка со традиционални техники на рачно столарство.
Особено во овој проект shaker side table, овој детал дава посебна елегантност на натказната и убавина.


На левата слика се гледа како левата ногарка во долниот дел се стеснува, за разлика од десната. Горе дебелината останува иста. Ова се вика истенчување или Taper. Покрај dovetail спојката, често се употребува за да се добие во елегантност на масата или фиокарот кој го работиме.
Изработка на Tapered Legs Истенчени ногарки
Процесот започнува така што со помош на рачни алати како струг и рачни јапонски пили, се сечат ногарките. Тие се формираат со постепено намалување од горе кон долу, создавајќи елегантен и природен изглед.
Најпрвин повеќето материјал може да се одземе со пила. Но, може и целосно со помош на струг да се одзема материјалот, по претходно обележување со линија.
За да се добие вистински tapered ефект, нозете се обликуваат со постепено намалување преку рачно брусење или финиширање.
Овој процес бара трпение и внимание, бидејќи секоја нога треба да биде иста, а ги има 4. Значи обележувањето треба да е прецизно.
Исправена натказна застаната на 4 ногарки
После тенчењето на ногарките и правењето на дупките и Mortise and tenon споевите на ногарките и страничните даски, можеме да ги склопиме 3-те странични даски со ногарките.


Остануваат предните летвички, како и лизгачите за фиоката. Исто фали и table-top или горната плоча на фиокарот. Нормално фали и фиоката, но, за тоа во друга статија.
Чести прашања
Како се изработуваат истенчени ногарки за мебел?
За да се изработат истенчени ногарки, со помош на рачни алати како струг и јапонски пили, материјалот се сече и обликува со постепено намалување од горе кон долу, создавајќи елегантен и природен изглед со процес на рачно брусење.
Што се истенчени ногарки и за што се користат во мебелниот дизајн?
Истенчени ногарки, познати како tapered legs, се тие ногарки што се стеснуваат одгоре нанадолу, додавајќи чувство на стабилност и елеганција на мебелот, и често се користат за да се постигне класичен и елегантен стил.
За крај
Рачната изработка не само што додава уникатност, туку и ја гарантира долговечноста на мебелот. Со користење на стари техники и внимателна работа, shaker side table со tapered legs станува вистинско ремек-дело што ќе трае генерации. Овој процес е вистинска посветеност кон традицијата и љубовта кон различните типови дрво. особено тврдото дрво.
На крајот, резултатот е хармонична мешавина од функционалност и уметност – еден класичен фиокар кој го носи духот на рачното столарство во секој детал.

Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.