За следен проект избрав како што напоменав во претходната статија ‘Shaker Side Table’ или натказна. Овој проект го препорачувам за секој почетник во столарството. Ги има сите можни спојки за вежбање, а е едноставен за да го завршиш до крај.
Димензии
Димензиите може да варираат. Дали сакаме да ја поставиме во влезниот ходник, каде треба да е повисока околу 70цм. Или може да се искористи за во спалната соба како натказна до креветот. Во вториот случај може да е висока 50цм. Ширина и должина обично јас ги правам 50цм X 50цм, за горната плоча.
Значи, овој проект можеш да го прилагодишш на твоите потреби.
Најчесто, заради вежба треба да се направи и фиока, но може да се изработи и без фиока.
Тип на дрво за изработка на натказната бука
Набавив лепени плочи од бука. За ногарките набавив 4 четвртасти 50мм X 50мм дрва исто од лепена бука.

Потребен алат и пила
Имав една неуспешна проба за пила. Мислев дека ако купам поголема дека подобро ќе сече. Но, тоа не беше случај.

Со истражување онлајн дојдов до Јапонските пили. Откако набавив неколку, до ден денес ги користам нив. Западните пили исто се добри, но кога ќе почнеш и се навикнеш на едни, после е тешко да се префрлиш на другиот тип.
Едните сечат на влечење наназад, а тоа се јапонските пили. А западните сечат на туркање нанапред. Добив голема прецизност со јапонските, затоа немам потреба да купувам и западни. И едните и другите од реномираните производители се скапи, со тоа што кај јапонските пили, заменските сечила се доста ефтини.

Мобилна стега

Набавив и мобилна стега, а на набавките нема крај. Кога се работи некој занает, има премногу опции на пазарот и алати и додатоци, така што треба да се пази на буџетот.
Стегата е неопходна алатка за да го држи дрвото цврсто при негова обработка. На сликата се гледа како започнувам со обработка на ногарката. Дрвото треба да е добро прицврстено и да не мрда при стругање со металниот струг.
Мора да се има и добро наоштрен нож . Инаку, стругањето ќе биде отежнато, а ќе треба многу повеќе сила да се употреби. Особено кај тврдите дрва како: Орев, Цреша, Даб, Бука итн.
Shaker Side Table
Името Shaker доаѓа од некоја секта или група на луѓе од Америка, кои живееле во некои комуни како Амишите и почнале да изработуваат едноставен мебел и по нивното име крстен е правец или стил на мебел.
Сечење и кроење на дрвените плочи
Во следново видео има приказ како се сече дрвото со јапонска пила. Треба да се држи правецот по линијата, но во пракса може да се застрани. Особено на задната страна, каде не гледаме. Од едната страна ни изгледа дека одиме по линијата. А од другата ножот бега и закривува.
Како се одвиваше проектот понатаму во некоја друга статија.

Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.