Дно на фиока и Groove спојка

groove спојка

Со традиционалната техника на рачно обработување дрво најчесто дното на фиоката се инсталира со шперплоча и креирање на Groove спојка. На страничните даски се вдлабнува линија со ширина на пример 6мм и длабочина 6мм. Таа служи како водилка за шперплочата што ќе се вметне во неа.

groove спојка
groove спојка

Таа линија се вика на англиски groove. Ги спомнувам и англиските изрази за полесно да пребарувате на Гугл или на Јутјуб.

Groove спојката може да биде во многу варијанти на големини и длабочини. Таа линија се движи во насока на влакната на дрвото. Тогаш е groove. Ако е во спротивна насока се вика другачие, т.е. Dado.

Исто, најчесто се користи во tongue and groove joint.

Рачен алат за креирање на groove спојка

Машински groove или вдлабнатина се прави со помош на Рутер, Фреза или Циркуларна пила.

Рачно се прави со помош на Струг за правење вдлабнатини или ‘Groove Plane’.

На третата слика се гледа дека овој струг има можност да се поместува ножот. Така со истиот струг може да се подесува колку милиметри или сантиметри од работ на даската ќе биде одалечена вдлабнатината.

Во првите два струга нема таква можност. Има само една одалеченост од работ. И најчесто за секоја ширина порано имало по еден струг.

Рачно изработен струг со ширина на нож 6мм

Цената на рачниот струг беше доста голема затоа решив да направам за една димензија од евтин дрвен струг. 6мм е доволно за шперплоча за дно на фиока, затоа и groove стругот го направив за длето 6мм кое веќе го имав набавено.

Од првата слика се гледа дека е заглавено длетото, а од втората се гледа како ѕирка малку ножот на дрвената линија која е 6мм. Мора да има и ограда каде што ќе се потпира стругот кога ќе се движи по работ на даската.

Со повеќе пати поминување треба да се направи посакуваната длабочина.

Со овој рачно изработен струг, направив повеќе фиоки. , всушност сите што сум ги направил до сега. Во некои идни статии ќе ги презентирам сите мои проекти.

Трет проект – фиокар

Вториот проект иако неуспешен го искористив за децата како фиокар за нивните книги. Го сместивме во детската соба.

А во новиот фиокар, фиоките како што реков претходно, ќе бидат изработени со dovetail спојка.

За првата фиока искористив чамово дрво или ела, а за вторато бука.

Монтирање на дното на фиоката

За дно на фиока користам шперплоча со дебелина 6мм. Затоа и направив groove вдлабнатина со ширина 6мм. Понатаму, шперплочата се вметнува лизгајки низ вдлабнатината како низ шини.

На сликите погоре се гледа како изгледа вметната шперплоча во groove.

Comments

Напишете коментар