Бидна и третиот проект. Нормално и овој беше за вежба.
Затоа и сакав корпусот на фиокарот да го лакирам со боја што ми беше претходно купена. Со заостанатата боја сакав да видам како се заштитува дрвото и како изгледа со нанесен лак.
Бојата на лакот требаше да биде кафена ама излезе некако црвеникава.

Изработка на рачка за фиока
Рачката за фиоката решив сам да ја изработам. На бормашина ставив парче дрво и со шмиргла успеав да направам долгнавеста рачка, ама не беше баш најдобра.
Со дрвена рачка добро е што може од внатрешната страна на фиоката да се стави клин, со што не може веќе да се извади.

Dado спој
Новото во овој проект покрај Half-Blind Dovetail e dado спојката.
Кај groove спојката рековме дека вдлабнатината се протега долж влакната на дрвото (wood grain), додека пак кај dado спојката се протега спротивно од влакната. Најчесто се користи кај регали за книги.

Така ги направив двете полици за да се вметнат фиоките.

Традиционални фиоки и фиокари
Во традиционалниот начин на работа со дрво фиоките се вметнуваат во празниот простор рачно. Просторот се прави точно колку што се димензиите на фиоките. Ти се лизгаат по површината и се вметнуваат како во футрола.
Доста е интуитивно и убаво изгледаат, нема лизгачи од метал и нивна инсталација. Нема, дополнителни пресметки.

Успешен проект фиокар, овој пат точни пресметки
Фиокарот успешно влезе во металниот сталак кој го користев за палета за бои.
Димензиите со овој начин на работа не можат да се утнат.
Колкави мерки земаш, толкави даски сечеш.
Идеја за нов проект
Нормално, веднаш се роди идеја за нов проект. А тоа е фиокар со една фиока. Овој пат купив дрво од Бука.
Но, и овој пат е од лепено дрво. Односно не земав цела талпа, туку плочи од лепени помали даски.
Со лепени плочи нема иста шара, туку се познаваат даскичките, но за овој проблем во друга статија.
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.