Во тој период сликав, значи до Септември 2022. Имав штафелај и еден метален сталак каде што стоеше палетата за мешање бои. Еве неколку од моите најдобри слики:








Проблем беше што немав каде да ги складирам боите и четките. Бидејќи металниот сталак имаше простор под палетата, идејата беше да се направи фиокар што ќе влезе токму во големината на сталакот.

Следно што направив е го земав метрото и измерив длабочина на пример 35 cm, висина 55 cm и ширина 45 cm.
Идеја за изработка на фиокар со 3 фиоки
Еве го вториот проект, се роди идејата, уште реализацијата. Многу нови работи, многу прашања во главата. На пример како се прави фиока? Како се монтираат шини, водилки итн. Како да ги сечам и мерам даските со каква пила итн. Во првиот мој проект, важно е да напоменам дека ,со првата пила тешко одеше сечењето.
Нормално, Јутјуб е огромен извор за сите нејасни прашања и веднаш се нафатив на работа – гледање видеа како да направиш фиока :).
Од овој момент на мојата јутјуб апликација почнаа да излегуваат видеа од сферата на работа со дрво или woodworking канали. Се претплатив на неколку што ми фатија око и секој ден гледав по некое.
Типови на споеви на дрво
Еве што открив, односно кои начини на споеви беа во игра за да се направи рамката на фиоката. Во овој момент не ми ни беа важни споевите, туку сакав само да изработам фиока, па макар да ги спојам и со штрафови од страните. Токму тоа е и најлесната и најбрза спојка. Ги ставаш даските под прав агол и ги заштрафуваш со штрафови.
Но, на тој начин фиоката ќе има груб изглед, затоа што ќе се гледаат штрафовите и од видеата што ги гледав, дознав за Pocket-Hole спојката. Во овој тип на спојка штрафовите се бушат под агол за да не се гледаат, а корисниците уживаат во целосно дрвен изглед во случајот – дрвен фиокар. Во наредната статија подетално ќе се задржам на Pocket-Hole спојката.
Проблем при сечењето
Најпрвин требаше да се припремат даските за фиоката. Се нафатив со сечење и нормално со помош на рачна пила, и тоа обична што ја најдов во маркетот за алати, немав добри резултати.

Се гледа голем отвор кога ќе се постави на рамна површина. Но, како што кажав претходно, во овој момент не мислев на нерамните даски туку сакав да направам фиока. Затоа и продолжив понатака, а проблемот ќе го решавам во наредниот проект.
Уште нешто може да се забележи на сликата со даската, wood grains, односно влакната на дрвото не одат хоризонтално по должината туку попречно, што не е добро. Но, за ширењето на дрвото и насоката на влакната на дрвото во некоја наредна статија.
Еве втората страна малце по правилно ја пресеков:

Како ќе изгледа фиокарот во некоја наредна статија.

Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.