Завршен Фиокар и рамнење со струг

Featured image fiokar 3 fioki zavrsen

Во последнава статија од трите статии посветени на овој проект, ќе се задржам малку на рамнење со струг.

Во првата статија се запознавме со проектот и како беше создадена идејата. Исто беше напоменато и прикажано на слики како изгледаат даските со рачно сечење.

За да го решам проблемот на нерамните страни, дојдов до рачна алатка која сe вика Струг или на Англиски ‘Hand plane’.

Набавка и тестирање на Струг

Следно беше да набавам струг и така го нарачав ‘Stanley No.4 Premium Bench Plane’. Нормално, не знаев на почеток ништо за него. Како се подесува, како се оштри ножот итн.

1 Струг Stanley No.4
1 Струг Stanley No.4
Струг Stanley No.4
Струг Stanley No.4

Обично кај сите рачни стругалки, чија главна намена е да израмнат дрвена површина има неколку рачки за движење на ножот:

  • Една за вертикално движење горе и надоле.
  • Друго за лево и десно движење.
  • На овој имаше да се подеси и големината на отворот каде излегува ножот.

Од повеќе обиди и проби успеав да извадам материјал од дрвото.

Материјал и рамнење со струг
Материјал од струг

Најголемиот проблем беше што не знаев дали ножот е наоштрен или не. Мислам дека пола даски понатака уште долго време ги рамнев со тап нож.

Рамнење со струг на даска со помош на Shooting board

Рамнење на даска со помош на струг и ‘Shooting board’ или помошна даска каде стругот се поставува легнат и се лизга за да израмни една страна на даската. Shooting board всушност ја држи даската за кога поминува стругот да биде под прав агол.

Со помош на оваа техника резултатите се подобрија, но секако не беа идеални. Сепак се работи за рачна работа. А кога се работи рачно, не може да се добие прецизноста на машините.

Но, затоа изработените елементи мебел се уникатни и од несовршеноста се гледа трудот на мајсторот што го правел.

Завршен проект фиокар со 3 фиоки

На крај, уште остана монтажата на третата фиока и монтирање на дршките. За дршките пробав да направам од дрво рачни дршки. Ги офарбав во боја и така заврши овој проект. За средната фиока искористив лизгачи со меко затворање.

Заштита на дрвото

За заштита на дрвото се решив да користам природни материјали кои се доволни за заштита во домашни услови. Фиокарот го премачкав со лак од ленено масло OLI-NATURA.

Фиокарот беше предвиден да се внесе во металниот сталак под палетата за бои , но кога пробав да се внесе, за мое изненадување, беше доста поширок од измерените димензии.

Но, за катастрофата и како настана грешката во некој следна статија.

Comments

Напишете коментар