Трет проект и Half-Blind Dovetail

Half-Blind Dovetail 1

Во претходната статија ‘Дно на фиока и Groove спојка’ видовме како е изработена првата фиока за третиот проект – фиокар.

Димензиите во овој проект би требало да се точни, за разлика од вториот проект каде беше настаната грешка.

Втора фиока од Бука и Half-Blind Dovetail

И оваа фиока исто како и претходната е изработена со dovetail спојка. Но, овој пат за претдната страна искористив една варијанта на dovetail која се вика Half-Blind Dovetail.

Од сликите се гледа дека Dovetail спојката ќе се види само во случај кога ќе се отвори фиоката. Во обичниот Dovetail спој, се гледа спојката и на затворена фиока од предната страна.

Тоа е прашање на вкус и дизајн, како да изгледа предната страна на фиоката. Јас лично преферирам, Half-Blind Dovetail, односно, да не се гледа спојката. А за дизајн правам контраст помеѓу предната страна на фиоката која е од едно дрво, и страниците обично од Јавор дрво кое е бело.

сечење Dovetail
сечење Dovetail

Оштрење на Длето

Во меѓувреме длетото се истапи. Како што реков претходните статии, имав набавено длета со големина 6мм, 12мм итн. Овие две големини најчесто ги користев.

Со 6мм ги чистев Dovetail празнините. Но, после подолго време користење потребно е да се наоштрат. Затоа набавив, дијамантски камен, кој трае подолго од водениот камен за оштрење.

Исто набавив и Jig (помагало) за рачно оштрење на длето или нож од струг под одреден агол.

Корпус изработен со dovetail спојка

Грешката настана во корпусот во претходниот проект. Затоа , во овој корпусот на фиокарот решив да го изработам со dovetail спојка.

korpus dovetail

За корпусот користев исто така чамово дрво.

Rabotna Masa Korpus Alat dve Fioki

Доста алат, фиоките се готови, уште да се доврши корпусот.

Во наредната статија ќе се задржам на Dado спојката. Како се вметнуваат лизгачите за фиоката и завршување и презентација на третиот проект.

Comments

Напишете коментар