Погрешна ширина и Dovetail спојка

dovetail joint spojka

Во вториот проект – фиокар со 3 фиоки, кога заврши и сè беше готово и спремно, настана разочарувањето. Фиокарот не пасуваше на металниот сталак за палети на бои.

Грешката веднаш беше откриена, а тоа беше дебелината на самото дрво. Дебелината на дрвото не беше пресметана.

Почетничка грешка, но лесна за правење. Искуството си го направи своето.

Решение за овој проблем постои

Истражувајќи на интернет дојдов до интересно решение на овој мој проблем.

А проблемот е како да не се земе во предвид дебелината на дрвото во пресметките?

Впрочем, кога земаме мерка на пример ширина 50цм, толкави даски и да сечиме.

На пример, ако имаме дебелина на даски 2цм. тогаш страната на една фиока би била 50цм -2цм од едната странa и -2цм од другата страна, добиваме 46цм.

Решението е во традиционалните спојки

Кога едната даска се вметнува во другата даска, нешто како кога ги вкрстуваме прстите на двете раце, тогаш не е важна дебелината на даските.

 вкрстени прсти
вкрстени прсти

На пример Half-Lap спојка

Half-Lap Традиционални спојки
Half-Lap спојка

кога ќе ги споиме двете даски, ја добиваме повторно истата дебелина. А не дупло поголема, ако ги ставиме една врз друга.

Традиционални спојки на дрво

Постојат многу видови на традиционални спојки, но еве ќе наброиме неколку од нив:

Лично горниот проблем го решив со помош на оваа спојка:

Dovetail спојката
dovetail joint spojka 1

Нов алат за сечење на Dovetail спојка

Веднаш се впуштив во набавка на алат за сечење на овој тип на спојка.

Воедно и креирање на ново фиокарче што ќе може да влезе во металниот сталак за палета за бои. Димензиите ги имав, и решив да пробам овој пат со помош на традиционални спојки да создадам фиокар со точни димензии.

Набавив попрецизна Јапонска пила и комплет длета за изработка на Dovetail спојка.

јапонска пила
јапонска пила

Втор обид и изработка на втор фиокар

Со нова надеж дека овој пат нема да го утнам фиокарот, започнав со изработка на нов.

Но, овој пат како што погоре напоменав, ќе бидат применети нови традиционални спојки како:

  • Dovetail за корпусот на фиокарот
  • Dovetail за страниците на фиоките
  • Dado спојка за лизгачите на фиоките

И сето тоа со рачен алат. Но, за тоа повеќе во наредна статија.

Comments

Напишете коментар