Dovetail Stretcher – преден носач на фиокар

Dovetail Stretcher преден носач

Кога се гради shaker стил мебел, секој детал има своја улога и значење. Еден од таквите важни елементи е dovetail stretcher или преден носач , кој служи како врска помеѓу ногарките на предната страна на фиокарот. Овој дел не само што додава стабилност, туку и ја зголемува цврстината на целата структура.

Каде се користи

Во нашиот случај, dovetail stretcher ќе биде поставен на предната страна, односно front-stretcher, и ќе ги поврзе двете ногарки во горниот дел.

Овој начин на поврзување е класичен за shaker мебелот, бидејќи комбинира едноставност со функционалност. За да се постигне стабилност и долговечност, долниот front-stretcher ќе биде поврзан со ногарките преку техника наречена mortise- tenon. Овој метод вклучува изработка на дупка (mortise) во ногарката и вметнување на тенон (tenon) од другата страна, што создава цврсто и сигурно соединение.

Преден носач не само што ја подобрува структурата, туку и додава естетска вредност со својот чист и едноставен изглед.

Во shaker стилот, каде што минимализмот е клучен, вакви детали се важни за да се задржи хармонијата меѓу функционалноста и убавината.

Начин на изработка на Dovetail Stretcher

Најпрвин се обележува горниот дел на ногарките во форма на трапез, делот што треба да се издлаби.

Dovetail Stretcher 1

Длабочината е еднаква на дебелината на летвичката што треба да влезе во неа.

Со правилна и прецизна изработка на dovetail спојката, фиокарот или натказната ќе биде не само стабилна туку и визуелно привлечена.

Овој спој нема да се гледа затоа што ќе дојде под table top, однсоно горната плоча, но при изработката дава дополнително задоволство.

Поставување на предните носачи

Во претходната статија видовме како го исправивме фиокарот на 4 ногарки, но само страниците беа поставени. Предната страна каде треба да се вметне фиоката беше празна.

Овде го направивме оквирот со помош на предни носачи т.е. еден Dovetail Stretcher и еден споен со mortise tenon спој.

Следно е да сеизработат лизгачите за фиоката, но за тоа во друга статија.

Зацврстување на страниците со Лепак

Како и досегашните изминати проекти:

така и во овој проект за дополнителна цврстина на споевите користам лепак од марката Titebond. Доста познат лепак за дрво, произведен во САД, стандард во америчкото столарство.

Titebond

Но, постојат и многу други лепаци кои ќе ја завршат истата работа како и овој лепак.

Инаку, лепакот најдобро е да се нанесува на спојните површини со помош на ваљак, ако е површината поголема или со четкичка за помали површини.

Што дознавме:

  • Примена и поставување на dovetail stretcher: Овој елемент се поставува на предната страна на натказната, поврзувајќи ги ногарките со традиционални техники како mortise-tenon за долговечност и естетика, особено во shaker стилот.
  • Изработка на dovetail stretcher: Најпрвин се обележува трапезниот дел од ногарките, потоа се длаби за да се вклопи летвичката ,за да се создаде цврст спој, кој е и визуелно привлечен.
  • Заштита и цврстина со лепак: За дополнителна цврстина, се користи лепак Titebond за споевите, што обезбедува долготрајност и стабилност, особено при зголемени напори или тежина.

За крај

Овој проект покажува како едноставните техники можат да создадат трајна и естетски привлечна работа. Dovetail stretcher е пример за тоа како традиционалните методи остануваат релевантни и денес, додавајќи вредност на секој парче мебел што го создавате со љубов и внимание кон деталите.

Comments

Напишете коментар