Кога споменав во една од статиите за mortise tenon спојот, кажав дека mortise или вдлабнатината во дрвото може да се изработи рачно, со помош на Mortis Chiesel (длето).
Но, лупањето со чекич и длабењето на тврдо дрво како орев, е премногу гласно, ако над тебе имаш комшии.
Така се роди нова мајсторска идеја за правење на акустична соба со сунгери за звучна изолација.
Создавање на акустична соба и звучна изолација
Кога одлучив да ја трансформирам малата соба од терасата во акустична соба, знаев дека треба да се помачам малце.
Основната идеја беше да ја обложам со сунгери во форма на тетраедар, што е одличен начин да се намали ехото и да се подобри звучната изолација.

Најпрвин го залепив цел ѕид со стиропор, за уште поголема звучна изолација, а врз стиропорот ги лепев сунгерите.
Проблемот беше што решив рачно да изработам mortise – дупка во дрвото – со помош на mortising chisel. Ова беше деликатен процес кој бараше трпеливост и точност. Mortising chisel е специјално длето кое се користи за создавање прави, чисти дупки во дрво, што е важно за стабилноста и долговечноста на мебелот.
Но, освен mortising chisel, постојат и други типови на длета кои можат да создадат галама или шум при работа.
Типови на длета по големини
Покрај mortising chisel, постојат различни видови длета кои се користат за различни цели:
- За на работна маса длета (Bench Chisels): Овие се најчесто користени за отстранување на големи парчиња дрво или за правење рамни површини. Тие можат да создадат значителен шум ако не се користат внимателно.
- Длетата со закосени рабови (Bevel Edge Chisel): Длетата со закосени рабови се едни од најчестите типови што се користат во обработката на дрво. Тие имаат тенко сечило со закосени рабови, што ги прави идеални за фини, деликатни работи како што се вклопување споеви, кастрење и лупење. Овие длета се совршени за работа во тесни агли и детални задачи за резбање.
- Малите длета (Mini Chisels): Погодни за детали и финални работи. Тие обично произведуваат помал шум, но ако се користат неправилно може да создадат вибрации што звучи како галама.
- Големи длета (Mortise chisels): Овие длета се дизајнирани за сечење длабоки, квадратни дупки во дрвото. Тие имаат дебели, цврсти сечила кои можат да издржат силни удари од чекан, што ги прави идеални за длабење во тврдо дрво. Овие длета се користат во столаријата за создавање вдлабнатини и споеви со клинови, што најчесто се среќаваат во изработката на мебел.



Апарат за мерење на звучност – Tadeto


За мерење на звучната изолација и звучноста во мојата акустична соба, го користев апаратот Tadeto. Овој уред е многу корисен бидејќи точно мери колку звук влегува или излегува од просторот. Со податоците од Tadeto можев точно да знам колку сунгери да употребам за оптимална звучна изолација.
Како сунгерите влијаат врз звукот
Обложувањето со сунгери во форма на тетраедар помогна да се распредели звукот рамномерно низ просторот. Тетраедарските форми се познати по нивната способност да го разбиваат и апсорбираат звукот, намалувајќи ги непотребните ехо ефекти.
Најважно беше да не им сметам на комшиите со тапите удари по длетото.
Заклучок
Создавањето акустична соба со помош на сунгери и рачна работа со дрво беше предизвик кој ми донесе многу задоволство. Мерењето со Tadeto ми овозможи да го дознаам нивото на звук и дали ќе им пречи на комшиите. Овој проект покажа дека со трпеливост и точност може да се постигне одлична акустика дома, без потреба од скапи професионални системи.

Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.