Изработката на фиокар од масивно дрво претставува совршен спој на традиционално дрводелство и модерна естетика. Во овој проект ќе видите како се поставува горната плоча, како се прави Blind Dovetail фиока со природна прецизност и како се завршува мебелот со ленено уље за природна заштита и топол изглед на дрвото.
(more…)Категорија: Фиоки

Готов проект фиокар и лакирање
Бидна и третиот проект. Нормално и овој беше за вежба.
Затоа и сакав корпусот на фиокарот да го лакирам со боја што ми беше претходно купена. Со заостанатата боја сакав да видам како се заштитува дрвото и како изгледа со нанесен лак.
Бојата на лакот требаше да биде кафена ама излезе некако црвеникава.
(more…)
Трет проект и Half-Blind Dovetail
Во претходната статија ‘Дно на фиока и Groove спојка’ видовме како е изработена првата фиока за третиот проект – фиокар.
Димензиите во овој проект би требало да се точни, за разлика од вториот проект каде беше настаната грешка.
(more…)
Дно на фиока и Groove спојка
Со традиционалната техника на рачно обработување дрво најчесто дното на фиоката се инсталира со шперплоча и креирање на Groove спојка. На страничните даски се вдлабнува линија со ширина на пример 6мм и длабочина 6мм. Таа служи како водилка за шперплочата што ќе се вметне во неа.
(more…)
Погрешна ширина и Dovetail спојка
Во вториот проект – фиокар со 3 фиоки, кога заврши и сè беше готово и спремно, настана разочарувањето. Фиокарот не пасуваше на металниот сталак за палети на бои.
Грешката веднаш беше откриена, а тоа беше дебелината на самото дрво. Дебелината на дрвото не беше пресметана.
Почетничка грешка, но лесна за правење. Искуството си го направи своето.
(more…)
Инсталирање на фиоки со лизгачи
Се уште трае проектот фиокар со 3 фиоки. Во претходниот пост Pocket Hole спојка се задржав на начинот на спојување на корпусот и страните на фиоките. Сега да видиме како одеше понатаму проектот.
(more…)





