Инсталирање на фиоки со лизгачи

обичен лизгач инсталиран на фиокар

Се уште трае проектот фиокар со 3 фиоки. Во претходниот пост Pocket Hole спојка се задржав на начинот на спојување на корпусот и страните на фиоките. Сега да видиме како одеше понатаму проектот.

Во овој проект за првата фиока и третата искористив обични шини за фиоки со лизгачи. Со овие шини нема меко затворање, и се наједноставни за инсталација и во едно се најефтините шини за фиокари.

Дно на фиоки со лизгачи

До сега како дно на фиока најчесто користам шперплоча. Има различни дебелини на шперплочи, како на пример од 2мм, 4мм, 6мм, 8мм итн. Мене највеќе ми одговара 6-ка, т.е. 6мм шперплоча.

Во овој проект шперплочата ја заковав со шајки на страните на фиоката. Ова исто така наједноставниот начин. Има и друг поелегантен и поинтуитивен начин, но во друга статија за него.

Предена страна на фиока

Од горната слика се гледа дека фиоката нема предна страна. Инсталацијата на предната страна ја направив одпосле откако ги инсталирав најпрвин лизгачите на фиоката. Тоа го направив за да можам да земам точни мерки за големината на предницата.

Во следново видео се гледа како е инсталирана првата фиока со обични лизгачи.

Исто и третата фиока е со обични лизгачи. А за средната фиока решив да купам лизгачи со меко затворање.

Потребен Алат

Во меѓувреме почнав со набавка на материјали за изработка на шкафчето и потребниот алат.

  • Најпрвин си купив Батериска Штрафилица Einhell TE-CD18. Има мотор без четкици, не е од врвните брендови ама си ја врши работата.
  • Нормално, лизгачите треба да се набават, обични и со меко затворање.
  • Штрафовска роба
  • За Pocket Hole спојка помагало (jig), штрафови и типли
  • Работна маса со стеги
  • Стеги за прав агол итн.

Доста алат, материјали итн. Во следната статија ќе видиме и како да се заштити дрвото, типови на масла, премази и дополнителни набавки за истите.

Но, задоволството да направиш нешто сам е големо, така што , може најпрвин да почнеш со поефтин алат и поефтини материјали. Во почеток, секој има ограничен буџет, затоа треба внимателно со набавките.

Comments

Напишете коментар