Категорија: Дрводелство / Изработка на мебел

  • Бариста полица од масивно дабово дрво – спореден проект за сите еспресо додатоци

    Бариста полица од масивно дабово дрво – спореден проект за сите еспресо додатоци

    Вовед

    По секој поголем проект во работилницата, речиси секогаш останува по некое убаво парче дрво кое не е доволно големо за маса или стол, но е премногу квалитетно за да заврши како отпад. Токму од таков остаток се роди овој мал спореден проект – бариста полица за на ѕид, наменета за сите еспресо додатоци.

    Станува збор за четвртаста плоча од масивно дабово дрво со дебелина од 5 см, ширина околу 40 см и длабочина помеѓу 25 и 30 см. Идеална димензија за компактна, но стабилна полица која може да ја поднесе тежината на портафилтери, тампери, чаши и други еспресо алатки.

    (more…)
  • Изработка на клуб маса од масивно дабово дрво – рачна изработка од половина талпа

    Изработка на клуб маса од масивно дабово дрво – рачна изработка од половина талпа

    Изработката на клуб маса од масивно дрво е процес кој бара време, внимание и почит кон материјалот. Овој проект во Woodgrainstudio започна од остаток од дабова талпа – половина талпа со ширина од околу 50 cm и должина приближно 1 метар. Наместо да остане неискористена, оваа дабова талпа доби нов живот како рачна изработка на клуб маса, наменета за дневна соба и поставување покрај кауч.

    (more…)
  • Изработка на фиокар од масивен даб – спојување, детали и завршница

    Изработка на фиокар од масивен даб – спојување, детали и завршница

    Во претходната статија за првиот фиокар од даб објаснив кои принципи ќе ги следам кога изработувам мебел наменет за продажба – секој елемент да биде од едно парче тврдо масивно дрво и, каде што е можно, да се користат традиционални дрвени споеви наместо метал. Таму зборувавме за изборот на талпата, сечењето на ногарките и подготовката на материјалот со resawing.

    Во оваа статија продолжуваме таму каде што застанавме: ќе видиме како сите тие подготвени елементи се спојуваат во една целина – од ногарките и страниците, преку предните носачи и лизгачите за фиоката, па сè до горната плоча и завршната заштита со ленено масло.

    (more…)
  • Преполовување дрвени даски (Resawing) – традиционална техника за подготовка на материјал

    Преполовување дрвени даски (Resawing) – традиционална техника за подготовка на материјал

    Кога првпат се соочив со задача да преполовам дрвена даска од даб, мислев дека ќе биде едноставно – неколку потези со пилата и готово. Но, вистината е дека ова е една од најтешките рачни операции во дрводелството.

    За да добиеме потенки парчиња од едно масивно дрво, се користи старата техника наречена resawing – преполовување даска по нејзината дебелина. Оваа постапка бара напор и трпение, особено кога се работи рачно, без бансек или друга машина.

    (more…)
  • Прв проект за продажба – Изработка на натказна од масивен даб

    Прв проект за продажба – Изработка на натказна од масивен даб

    После неколку успешни вежби и пробни проекти, конечно дојде моментот да започнам со изработка на парче мебел што ќе биде наменето за продажба. Овој пат одлучив да ги применам сите знаења што ги стекнав досега – од избор на дрво, до спојување и завршна обработка.

    (more…)
  • Изработка на фиокар од масивно дрво – Blind Dovetail фиока, горна плоча и природна завршна обработка

    Изработка на фиокар од масивно дрво – Blind Dovetail фиока, горна плоча и природна завршна обработка

    Изработката на фиокар од масивно дрво претставува совршен спој на традиционално дрводелство и модерна естетика. Во овој проект ќе видите како се поставува горната плоча, како се прави Blind Dovetail фиока со природна прецизност и како се завршува мебелот со ленено уље за природна заштита и топол изглед на дрвото.

    (more…)