Како што напоменав во претходната статија за вториот проект фиокар со 3 фиоки, Pocket Hole спојка е добар начин да се прикријат штрафовите. Така нема мебелот изработен од дрво да има груб изглед.
Помагало (Jig) за бушење Pocket Hole спојка
Како за почеток, бушењето на оваа спојка е на косо како што се гледа на сликата:

Но, најлесен начин за тоа да се изведе е со помош на помагало. Јас купив едно такво помагало:

Доаѓа со бургија за одредена големина на дупката.

Првиот дел е за заштрафување, а вториот е бургијата за бушење.
Како функционира
За најдобро да дознаеш како се прави оваа спојка еве едно видео на Јутјуб. Тука детално се опишува спојката.
Спојување на две парчиња дрво под прав агол
Со оваа спојка може да се прават страниците на една фиока или пак на целиот корпус од фиокарот каде што ќе влезат фиоките.



Најдобро е да имаш и некое помагало или стега за да ги држи страните под прав агол во моментот на бушење.


За корпусот може да се забележи дека за една страна се направени 3 дупки со 3 штрафа.
На овој начин кога ќе се погледне корпусот од надвор нема да се гледаат штрафовите, напротив ќе се гледа само дрвото.
Постојат и специјални типли кои се закосени за да ја пополнат дупката и со лепак и шлајфање односно брусење целосно да се покрие дупката каде влегува штрафот. На тој начин и од внатре нема да се гледаат дупките.
Како да почнам со Pocket Hole Спојка
Најдобро се учи кога сам ќе пробаш да ја направиш спојката. Но, моја препорака е да си смислиш проект, кој ќе биде некое парче мебел и да го изработиш од почеток до крај.
Вежбањето само на две даски е добро, но не дава сатисфакција за понатамошна работа.
Но, кога ќе изработиш целосен проект од почеток до крај, заокружуваш една целина и одеднаш учиш повеќе техники.
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.