Shoulder Plane – струг за rebate или рамнење на tenon

shoulder plane strug 3

Кога правев tenon-и за да можат да се вметнат во вдлабнатината на дрвото, беа доста несовршени.

Нерамните tenon-и значат и спојка со процеп или дупка.

За да се израмнат потребен е Shoulder Plane струг.

Што е Shoulder Plane – струг?

Shoulder Plane е рачна алатка со прав агол, која се користи за чистење и рамнење на рабовите и површините на дрвените делови. Има тесен, исправен нож кој се поставува под агол од 45 степени или малку повеќе, што му овозможува да работи точно до рабовите без да ги оштети.

Важно е дека ножот е од крај до крај на стругот затоа е одличен при работа со рабови.

Зошто е важен за традиционалното столарство?

Во светот на традиционалното столарство, прецизноста е клучна. Кога се работи со tenon или rebates -фалц, потребно е да вадиме материјал од крај до крај. До самата ивица.

rebates or rabbet joint
rebates or rabbet joint

Тука влегува Shoulder Plane – со неговата способност да чисти рабови без да ја оштети основната структура.

Кога се прават tenon-те, важно е да се добие рамна и чиста површина каде што ќе се вклопи со друг дел. Со користење на Shoulder Plane, мајсторот може лесно да го прилагоди работ така што ќе биде совршено рамен.

Кај обичните стругови ножот не е од крај до крај туку има малку простор, со што нема да можеш да ги фатиш ќошињата.

нож кај струг

Како функционира?

Работата со Shoulder Plane бара малку практика, но кога ќе се совлада тоа станува едноставно. Алатката има тесен нож кој се движи напред-назад по водилка или рачка. Кога ја притискате врз дрвениот дел, ножот ги отстранува непотребните влакна или нерамнините од рабовите. Важно е да се користи со умерена сила за да се избегне оштетување.

Поради својот дизајн, оваа алатка дозволува прецизна контрола над длабочината на сечењето. Така можете лесно да постигнете рамни рабови без разлика дали работите со дебели или тенки дрвени парчиња.

Зошто треба да го имате?

За сите кои сакаат да создадат висококвалитетни дрвени предмети – мебел, кутии или декоративни работи – Shoulder Plane е вистинската алатка.

Со време ќе научите како најдобро да го користите за различни задачи – од финално чистење на рабови до правење канали.

Заклучок

Shoulder Plane е вистински занаетчиска алатка која дрвените рабови ги прави со прецизност со што е незаменлив за создавање цврсти и долговечни конструкции како tenon и rebates.


Доколку сакате повеќе информации за употребата или изборот на Shoulder Plane, слободно прашајте!

Comments

Напишете коментар