WEDGET Series – Клупа за ходник од масивно дрво

ВКУПНА ЦЕНА: Price range: 11.490,00 ден through 18.490,00 ден
Бесплатна испорака и изработка помеѓу Окт 14, 2026 – Окт 24, 2026

Рачно изработена клупа од масивно дрво, создадена со традиционални столарски техники и безвременски дизајн. Секој примерок е уникатен, со зачуван природен карактер на дрвото и цврста конструкција со Wedged Mortise and Tenon спој, наменета да трае со генерации.

Побарај понуда. Прашај за димензии.

Опис

Series: WEDGET Mortise and Tenon
Model: Bench No. 01
Единствено од ваков вид

Автентична рачно изработена клупа

Оваа клупа е изработена рачно од масивно дрво, со целосно почитување на неговиот природен карактер. Секое парче дрво е внимателно одбрано и обработено така што да се зачуваат природните неправилности, текстурата и уникатниот дезен, кои ја прават секоја клупа единствена.

За изработка се користени традиционални столарски техники, без употреба на индустриски или автоматизирани процеси. Ногарките се поврзани со класичен Wedged Mortise and Tenon спој, обезбедувајќи исклучителна стабилност, цврстина и долговечност.

Формата е чиста и балансирана, со суптилно заоблени рабови што додаваат современ карактер, без да се наруши природната естетика на дрвото. Клупата е подеднакво наменета за функционална употреба и како скулптурално парче што внесува топлина и автентичност во просторот.

Поради природата на масивното дрво, бојата и текстурата се менуваат со светлината и аголот на гледање – ефект што најдобро се доживува во живо.

Секоја клупа е еденствен примерок, создаден да трае со генерации.

Дополнителни информации

Тежина10 кг
Димензии115 × 35 × 40 cm
Тип на дрво

Бука, Даб, Орев

Должина на клупа

100cm, 120cm, 140cm

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “WEDGET Series – Клупа за ходник од масивно дрво”

Поврзани продукти