Опис
Оваа странична маса (C-Table) масичка е дизајнирана да стои веднаш до кауч или софа, како функционален и скулптуралeн акцент во просторот. Рачно изработена од масивно дрво, таа ја спојува природната убавина на материјалот со минималистички, но уникатен дизајн.
Горната плоча е изработена од европски орев, со изразена и неповторлива текстура на дрвото. Секоја масичка има свој карактер – ниту една не е иста. Површината е финиширана со Tung oil, што ја нагласува длабочината на бојата, ја штити структурата на дрвото и овозможува природен, топол допир без вештачки сјај.
Носечката конструкција и долниот дел се изработени од бел јавор, внимателно обликуван за стабилност и визуелна леснотија. Контрастот помеѓу темниот орев и светлиот јавор создава балансирана и современа естетика.
Оваа масичка е идеална за:
поставување до кауч или фотелја
држење кафе, книга, ламба или декор
ентериери со mid-century, минималистички или природен стил
Карактеристики:
100% масивно дрво
Горен дел: европски орев
Носечка конструкција и база: бел јавор
Финиш: природен Tung oil
Рачна изработка
Уникатно парче – нема две исти
Ова не е сериски производ, туку функционална дрвена скулптура, создадена да трае со години и да внесе топлина и автентичност во вашиот дом.










Критики
Нема критики сеуште.