Опис
UPHOLSTER Series
Bench No. 03 – Масивна тапицирана клупа – eдинствено рачно изработено парче
Оваа Тапицирана клупа од масивно Ироко дрво е изработена како уникатно парче мебел со чист и безвременски карактер. Комбинацијата од 100% памучно платно, Iroko дрво со исклучителна долговечност и Јовор ногарки создава стабилна, топла и визуелно избалансирана форма, наменета за секојдневна употреба и долготрајност.
Клупата е веќе изработена и подготвена за испорака, без време на чекање.
Природен тапацир – 100% памук
Седиштето е тапицирано со 100% памучно платно, кое се одликува со:
природен и дишлив материјал
пријатен, мат текстилен изглед
удобност при седење
неутрална естетика која лесно се вклопува во различни ентериери
Масивно дрво со внимателна комбинација
Целата конструкција е изработена од масивно дрво, со јасна поделба на материјалите според нивните својства:
Странични панели од Iroko дрво – исклучително отпорно дрво
Ногарки од Јавор дрво – светло и цврсто дрво кое внесува визуелна леснотија и стабилност
Секој дрвен елемент е изработен од едно парче дрво, без фурнири или комбинирани материјали.
Рачна изработка и класична конструкција
Клупата е целосно рачно изработена со традиционални дрводелски техники:
класичен mortise & tenon спој
без скриени метални елементи во конструкцијата
рачно обликувани и фино завршени детали
Станува збор за единствено парче, а не сериски производ.
Природен финиш
Дрвените површини се третирани со природен заштитен финиш кој ја нагласува природната шара на дрвото, обезбедува долготрајна заштита, овозможува дрвото да старее природно, создава топол, свилен допир
Димензии (готов производ)
Должина: 110 cm – Ширина: 45 cm – Висина со тапацир: 45 cm
Идеална намена
Совршена за: ходник (седење при обување), крај на кревет, под прозорец, дневна соба, гардеробер или студио
UPHOLSTER Bench No. 03 е рачно изработена тапицирана клупа од масивно дрво, достапна веднаш. Парче со автентичен карактер, создадено да трае и визуелно и конструктивно.

















Критики
Нема критики сеуште.