Опис
Heirloom Armchair е рачно изработена ретро фотелја од масивно Дабово дрво, создадена да го истакне природниот изглед и шарите на дрвото. Топол тон, богата текстура и видливи влакна – ова е парче мебел што истовремено е и удобна фотелја и силен декоративен детаљ во домот.
Фотелјата изгледа одлично во дневна соба, читачко катче, ходник или спална – каде и да ја поставиш, веднаш привлекува внимание и внесува чувство на топлина и занаетчиски квалитет.
Масивно дабово дрво – Heirloom квалитет
Сите дрвени елементи се изработени од внимателно одбрано дабово дрво, при што секој дел е сечен од едно единствено парче даска (single board). Овој пристап овозможува природната шара и влакната на дрвото да бидат јасно и континуирано видливи по целата должина, создавајќи конзистентен изглед и автентичен, „жив“ карактер. Поради природната уникатност на секое парче дрво, ниту една фотелја не е иста – секоја Heirloom Armchair носи свој сопствен идентитет и претставува вистинско heirloom парче, создадено да се користи и пренесува од генерација на генерација.
Висококвалитетна постава
Седиштето е тапацирано со висококвалитетен тапацир 100% памук , пријатен на допир и внимателно одбран за да обезбеди удобност и при подолго седење. Комбинацијата на природното дрво и квалитетниот тапацир создава топло, cozy и „homey“ чувство – фотелја во која природно посакуваш да седнеш и да останеш.
Традиционална рачна изработка
Фотелјата е изработена со традиционални столарски техники, кои вклучуваат рачно сечење и стружење, прецизно изработување на споеви и длетување на деталите. Овој пристап обезбедува цврста и стабилна конструкција, овозможува внимателно обликување на секој елемент и му дава автентичен, рачно изработен карактер на секое парче. Секој Heirloom модел носи видливи траги од занаетот – тоа не е сериско производство, туку вистински hand-crafted мебел, создаден со време, умешност и почит кон материјалот.
Димензии
Фотелјата има димензии од 95 cm во должина и 65 cm во ширина, со висина на дрвениот дел од 75 cm и висина на седиштето со тапацир од 45 cm. Со тежина од околу 15 kg, таа е стабилна, но лесна за позиционирање во просторот. Пропорциите се внимателно избалансирани за да обезбедат комфорна висина и длабочина за седење, што ја прави идеална за релаксација, читање книга или уживање во кафе.
Заштита и финиш
За заштита и финиш на дрвото се користи висококвалитетен пчелин восок. Овој финиш ја нагласува природната шара и текстура на дрвото, му дава благ и природен сјај, обезбедува долготрајна заштита и го задржува автентичниот изглед на дрвената површина.
Поради природната уникатност на дрвото и тапацирот, оваа фотелја е единствено парче – нема на лагер друга со истиот тип на дрво и истиот тапацир. Секое парче е неповторливо и носи свој посебен карактер.
























Критики
Нема критики сеуште.