HERITAGE SHAKER Series: Ексклузивна рачно изработен фиокар

ВКУПНА ЦЕНА: Price range: 36.999,00 ден through 38.990,00 ден
Бесплатна испорака и изработка помеѓу Окт 14, 2026 – Окт 24, 2026

„Ексклузивна рачно изработена Shaker странична маса од масивно дрво, со рачно сечена dovetail фиока и внимателно обликувани страници. Изработена од едно парче дрво по елемент, со континуирани природни влакна по целата должина на ногарките и суптилно задржана органска форма на задната нога. Завршена со природни масла за свиленкаст сјај, нагласена текстура и долготрајна природна заштита.“

Аванс : 18.499,50 ден по парче

Побарај понуда. Прашај за димензии.

Опис

Природен карактер и визуелна длабочина

Секој што го цени масивното дрво знае колку е волшебна неговата природна појава – суптилна игра на тонови, живи влакна и уникатни шари кои никогаш не се повторуваат. Оваа Shaker странична маса е создадена токму за да го истакне природниот карактер на дрвото во неговата целосна, автентична форма.

Ова парче мебел е подеднакво соодветно како ноќна масичка, странична маса покрај софа или акцент елемент во дневна соба или ходник. Во живо остава уште посилен впечаток – во зависност од аголот на гледање и дневната светлина, површината добива различни нијанси и длабочина, па просторот секогаш изгледа свежо и живо.

Традиционална Shaker изработка со рачни споеви

Масичката е рачно изработена со почит кон традиционалните столарски техники:

  • Фиоката е изработена со рачно сечена dovetail спојка, симбол на квалитет и долготрајност.

  • Страничните даски на фиоката се внимателно одбрани за визуелен баланс и контраст.

  • Страниците и ногарките се поврзани со класичен mortise–tenon (чеп и отвор) спој – еден од најцврстите и најдоверливи дрвени споеви во традиционалната изработка.

Масивно дрво – едно парче, еден карактер

Масата е изработена исклучиво од масивно дрво, со почит кон неговата природна структура:

  • Секој елемент е направен од едно парче дрво, без лепење од мали сегменти.

  • Горната плоча е обликувана така што се постигнува стабилност и визуелна симетрија во влакната.

  • Влакната на ногарките се протегаат по целата нивна должина, што создава чист, елегантен и природен изглед.

За дополнително зачувување на органскиот карактер, една од задните ногарки делумно ја задржува својата природна, неправилна форма. Наместо совршена геометрија, намерно е оставена суптилна „жива“ линија – тивок потпис на материјалот и природата.

Финиш и површина

За заштита и нагласување на природната структура на дрвото, површината е третирана со:

  • Original Danish Oil од Rustins,

  • финиш со свиленкаст сјај и природен допир,

  • биолошки ориентирана заштита која ѝ дозволува на површината да „дише“.

Резултатот е мазна, топла површина со природен изглед – без вештачки сјај, со нагласена длабочина и текстура.

Димензии

  • Должина: 48 cm

  • Ширина: 48 cm

  • Висина: 64 cm

  • Тежина: приближно 10 kg


За кого е оваа Shaker странична маса

Идеална е за оние кои:

  • сакаат рачно изработен мебел од масивно дрво,

  • ја ценат традиционалната изработка и дрвените споеви,

  • бараат уникатно парче без дупликат,

  • преферираат природен материјал со карактер и топлина.

Дополнителни информации

Тежина10 кг
Димензии50 × 50 × 65 cm
Тип на дрво

Брест, Бука, Даб, Јавор, Орев, Цреша

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “HERITAGE SHAKER Series: Ексклузивна рачно изработен фиокар”

Поврзани продукти