Опис
Внеси ја атмосферата на вистинско бариста катче во твојата кујна со оваа рачно изработена ѕидна Coffee Barista Shelf полица. Дизајнирана за поставување над еспресо машината и меленикот, таа нуди практично и стилско решение за сите твои омилени кафе аксесоари.
Полицава е изработена од масивно природно дрво, внимателно обработено за да се истакне неговиот автентичен карактер. Дел од природниот раб е намерно задржан, што ѝ дава уникатен, органски и малку „wild“ изглед – како парче природа внесено директно во твојот дом.
Совршена е за организирање на:
шолји за кафе
темпер
дистрибутор
четкички
други бариста алати што сакаш секогаш да ти бидат при рака
Квалитетна изработка и стабилна конструкција
Полицава не е само декоративна – таа е направена да трае.
Горна плоча од масивно дрво со дебелина од 2.5 cm или 5 cm, која дава чувство на стабилност и визуелна тежина
Метални држачи (конзоли) за цврста и сигурна поддршка
Прицврстување со Rampa навои, што обезбедува силна врска меѓу дрвото и металот
Во пакетот е вклучено imbus (Allen) клуче за лесно прилагодување или демонтажа доколку е потребно
Полица за кафе – лесна и прецизна монтажа на ѕид
Монтажата е едноставна и интуитивна, без комплицирани шаблони:
Избери ја позицијата на ѕидот
Обележи ги дупките директно преку држачите
Дупчи и монтирај
Брзо, сигурно и без ризик од грешки.
Идеална е ако:
си вистински љубител на еспресо и кафе културата
сакаш бариста алатите секогаш да ти бидат на дофат
бараш практично, но и визуелно впечатливо решение
цениш комбинација од масивно дрво и метал во ентериерот
Димензии по избор
Дебелина на дрвото: 2.5 cm или 5 cm
Тежина: приближно 4 kg до 10кг
Ова не е само полица.
Ова е мало, внимателно создадено бариста катче, направено за луѓе што навистина го сакаат своето кафе.















Критики
Нема критики сеуште.