Опис
Дизајн кој раскажува приказна Клуб маса од махагони „Sapele & Maple Monolith“ со должина од 1.36 метри е создадена за оние кои го ценат автентичниот луксуз. Плочата од егзотично махагони Sapele, составена од само две широки парчиња, нуди длабока црвено-кафена боја и стабилност каква што само природата може да ја даде.
Врвна занаетчиска изведба Она што ја издвојува оваа маса е нашиот занаетчиски белег – ногарките од масивен јавор се споени со плочата преку прецизен mortise спој, без употреба на штрафови. Овој „дрво на дрво“ систем гарантира дека масата ќе стане поцврста со секоја измината година.
Природна заштита и сјај За завршна обработка е користено тунг масло (Tung Oil). Ова природно масло навлегува длабоко во порите на махагонито, ја нагласува неговата текстура и овозможува дрвото да дише, истовремено давајќи му нежен, свиленкаст сјај кој е лесен за одржување.
Технички спецификации:
Материјал на плоча: Масивно махагони Sapele (споено од само 2 парчиња).
Материјал на ногарки: Масивен јавор (секоја ногарка од едно парче).
Димензии: Должина 1.36 m | Ширина 50 cm | Висина 40 cm.
Конструкција: Традиционален mortise спој без штрафови.
Завршница: Природно тунг масло.













Критики
Нема критики сеуште.