Ексклузивна клупа од црешово дрво со традиционални споеви – Hall Bench Cherry

ВКУПНА ЦЕНА: 24.000,00 ден
Нарачај сличен на овој продуктViber

Ексклузивна рачно изработена клупа од цреша, направена само со рачни алати и традиционални дрводелски техники. Природниот црвеникаст тон, златни и темноцрвени нијанси и уникатни форми на ногарките ја прават оваа клупа вистинско парче уметност во домот. Завршена со ленено масло за природна заштита и длабок, топол сјај.

Нема на залиха

Опис

Секој што видел природно црешово дрво знае колку е магично – со црвеникаст тон, златни шари на едно место и потемни, длабоки црвени нијанси на друго. Оваа Hall Bench Cherry клупа е создадена токму за да го истакне природниот изглед на дрвото што е можно повеќе.

Ногарките не се „совршено прави“, туку намерно е задржана природната форма и карактер на дрвото, така што дел од дизајнот всушност е направен од самата природа. Ова не е обична клупа – ова е уникатно парче масивно дрво, кое внесува топлина, боја и карактер во секој ходник, дневна или простор за седење.

Најубавото од сè е што во живо изгледа уште поимпресивно. Во зависност од аголот на гледање и дневната светлина, боите на црешата се менуваат – понекогаш потопли, понекогаш подраматични. Како да имаш нова клупа секој ден.

Традиционална изработка – без електрични алати

Клупата е изработена исклучиво со рачни алати, без употреба на електрични машини. Користени се традиционални техники на столарија, со акцент на цврстина и долговечност.

Ногарките се споени со „Wedged Mortise and Tenon Joint“ (чеп и отвор со клин) – класичен, многу стабилен спој кој се користи со векови во традиционалното дрводелство. Овој вид спој не само што е цврст, туку и визуелно изгледа одлично, особено кај рачно изработен мебел.

Материјал и финиш

  • Материјал: масивно црешово дрво

  • Дрвото е набавено од локални продавачи во Германија

  • Површината е третирана со ленено масло, биолошка заштита која:

    • ги остава дрвените површини „дишечки“,

    • го нагласува природниот дезен,

    • дава топол, благ сјај и прекрасен финиш на допир.

Димензии

  • Должина: 111 cm

  • Ширина: 30 cm

  • Висина: 36 cm

  • Дебелина на седиштето: 2,5 cm

  • Тежина: приближно 7 kg

Идеална за:

  • ходник (hallway bench) – како клупа за обувки и седење

  • ентериер со природно дрво, скандинавски, минималистички или rustic стил

  • акцент парче мебел покрај ѕид, прозор или кревет

  • љубители на рачно изработен мебел, традиционални дрвени споеви и природен дезен

Оваа Hall Bench Cherry е повеќе од клупа – таа е искажување на љубов кон дрвото, традицијата и рачната изработка.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Ексклузивна клупа од црешово дрво со традиционални споеви – Hall Bench Cherry”

Поврзани продукти