Опис
Оваа рачно изработена бариста полица од оревово дрво е создадена специјално за твојот бариста агол во кујната. Постави ја над еспресо машината и меленикот, и добиј практично и стилско место за сите твои бариста аксесоари – темпер, шолји, дистрибутор, четкички и др.
Изработена е од висококвалитетно оревово дрво, со богата природна шара и топла темна боја. За да се задржи автентичниот изглед на дрвото, дел од кората е намерно оставен, што ѝ дава уникатен, природен и малку „wild“ карактер – како парче дрво донесено директно од природата во твојата кујна.
Детали за конструкцијата
Полица од масивно оревово дрво со дебелина од 5 cm, што дава стабилност и визуелен впечаток на моќно парче дрво.
Метални држачи (конзоли) кои се прицврстени со Rampa завртки, за цврста и сигурна врска меѓу металот и дрвото.
Во пакетот е вклучено и imbus (Allen) клуче, со кое лесно можеш да ги одвртиш или затегнеш држачите доколку е потребно.
Лесна монтажа на ѕид
Монтажата е едноставна и интуитивна:
Доволно е да го избeреш местото каде сакаш да ја поставиш полицата, да ги обележиш дупките директно преку држачите и да дупчиш – без дополнителни шаблони или мерења кои носат ризик за грешка.
Оваа полица е идеална ако:
си вистински љубител на еспресо,
сакаш секојдневно користените бариста алати да ти бидат на дофат,
сакаш практично, но и визуелно привлечно решение за бариста аголот,
цениш комбинација од масивно дрво и метал во ентериер.
Димензии
Должина: 42 cm
Ширина: 22,5 cm
Дебелина на оревовото дрво: 5 cm
Растојание меѓу ѕидните штрафови: 27 cm
Висина на металниот држач: 15 cm
Тежина на бариста полицата: приближно 4 kg
Ова не е само полица – ова е мало бариста катче во чест на твоето омилено еспресо. Само за вистински љубители на кафе.












Критики
Нема критики сеуште.