Плакар за пијалоци – орев, рачно изработен од масивно дрво

ВКУПНА ЦЕНА: 23.999,00 ден
Нарачај сличен на овој продуктViber

Ексклузивен рачно изработен дрвен плакар за пијалоци од масивно оревово дрво, направен со традиционални столарски техники без електрични алати. Телото е споено со dovetail споеви, сите страни и полици се од едно парче дрво, а површината е третирана со Danish Oil за природен сјај и заштита. Совршен плакар за домашен бар и љубители на фини пијалоци.

Нема на залиха

Опис

Секој знае колку магично изгледаат природните шари на оревовото дрво. Со темни, скоро црни шари на едни места и длабоки темнокафени нијанси на други, овој плакар за пијалоци е создаден за вистински љубители на фино дрво и уреден домашен бар.

Плакарот е дизајниран да ја нагласи природната убавина на оревот. Во живо изгледа уште помоќно отколку на слика – боите и шарата на дрвото се менуваат во зависност од аголот на гледање и дневната светлина. Така, секој ден ќе имаш впечаток како да имаш „нов“ плакар за пијалоци во домот.

Традиционална рачна изработка

Овој плакар е изработен целосно рачно, со техники на традиционално столарство:

  • без електрични машини

  • рачно сечење

  • рачно стружење

  • рачно длетување

Телото на плакарот е споено со рачно сечени dovetail споеви, што му дава:

  • голема цврстина

  • долговечност

  • занаетчиски, автентичен изглед

Масивно оревово дрво

Плакарот е изработен од цели парчиња масивно оревово дрво:

  • сите страни и полици се од едно парче дрво, не од иверица или лепени плочи

  • само панелот на вратата е од едно парче дрво преполовено и залепено за подобра стабилност

Телото има природен дезен што ја следи структурата на дрвото и создава топол, богат визуелен ефект. Ова не е сериско парче мебел – секој плакар има сопствен карактер.

Димензии

  • Должина: 20 cm

  • Ширина: 41 cm

  • Висина: 61 cm

  • Тежина: 10 kg

Компактен, а доволно простран за шишенца со пијалоци, чаши и додатоци за домашен бар.

Заштита и финиш

За оптимална заштита и природен изглед, површината е третирана со:

  • Original Danish Oil од Rustins (silky gloss)

    • ја нагласува шарата на оревот

    • остава свилен, благ сјај

    • овозможува дрвото да „дише“

Овој плакар за пијалоци од орев е совршен избор ако сакаш:

  • рачно изработен мебел

  • масивно дрво наместо иверица

  • функционално и декоративно парче за твојот дом или домашен бар

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Плакар за пијалоци – орев, рачно изработен од масивно дрво”

Поврзани продукти