Опис
Оваа уникатна натказна комбинира американски орев за горната плоча и цврст јавор за контраст, создавајќи впечатлив и природен изглед што ќе ја збогати секоја просторија. Природните златни нијанси и темно кафените тонови на дрвото создаваат динамичен ефект што се менува во зависност од аголот на гледање и дневната светлина. Вистинската убавина на оваа масичка може да се доживее само во живо, а секој ден во вашата дневна може да изгледа различно поради богатството на природни бои.
Масичката е целосно рачно изработена користејќи традиционални столарски техники, без употреба на електрични алати. Сечена е и стругана со рачни алати, а фиоката е изработена со рачно сечен dovetail спој, со странични делови од јавор дрво.
Горната плоча се состои од три парчиња дрво залепени заедно, при што средното парче има магичен изглед, а сите страни и нозе се од цело парче дрво. Нозете се поврзани со mortise-tenon спој, што ја обезбедува стабилноста и долговечноста на масичката.
Димензиите на масичката се:
Висина: 65 см
Должина: 46 см
Ширина: 50 см
Тежина: 10 кг
Површината е третирана со Original Danish Oil од Rustins silky gloss, што ја заштитува дрвената површина и го истакнува природниот дезен на дрвото.
Оваа странична масичка е совршен додаток за вашата дневна соба, спална или канцеларија, создавајќи топол и природен амбиент со рачно изработен квалитет и уникатен дизајн.













Критики
Нема критики сеуште.