Опис
Секој што видел природно црешово дрво знае колку е магично – со црвеникаст тон, златни шари на едно место и потемни, длабоки црвени нијанси на друго. Оваа Hall Bench Cherry клупа е создадена токму за да го истакне природниот изглед на дрвото што е можно повеќе.
Ногарките не се „совршено прави“, туку намерно е задржана природната форма и карактер на дрвото, така што дел од дизајнот всушност е направен од самата природа. Ова не е обична клупа – ова е уникатно парче масивно дрво, кое внесува топлина, боја и карактер во секој ходник, дневна или простор за седење.
Најубавото од сè е што во живо изгледа уште поимпресивно. Во зависност од аголот на гледање и дневната светлина, боите на црешата се менуваат – понекогаш потопли, понекогаш подраматични. Како да имаш нова клупа секој ден.
Традиционална изработка – без електрични алати
Клупата е изработена исклучиво со рачни алати, без употреба на електрични машини. Користени се традиционални техники на столарија, со акцент на цврстина и долговечност.
Ногарките се споени со „Wedged Mortise and Tenon Joint“ (чеп и отвор со клин) – класичен, многу стабилен спој кој се користи со векови во традиционалното дрводелство. Овој вид спој не само што е цврст, туку и визуелно изгледа одлично, особено кај рачно изработен мебел.
Материјал и финиш
Материјал: масивно црешово дрво
Дрвото е набавено од локални продавачи во Германија
Површината е третирана со ленено масло, биолошка заштита која:
ги остава дрвените површини „дишечки“,
го нагласува природниот дезен,
дава топол, благ сјај и прекрасен финиш на допир.
Димензии
Должина: 111 cm
Ширина: 30 cm
Висина: 36 cm
Дебелина на седиштето: 2,5 cm
Тежина: приближно 7 kg
Идеална за:
ходник (hallway bench) – како клупа за обувки и седење
ентериер со природно дрво, скандинавски, минималистички или rustic стил
акцент парче мебел покрај ѕид, прозор или кревет
љубители на рачно изработен мебел, традиционални дрвени споеви и природен дезен
Оваа Hall Bench Cherry е повеќе од клупа – таа е искажување на љубов кон дрвото, традицијата и рачната изработка.












Критики
Нема критики сеуште.