Опис
Ова не е обична комода.
Ова е LP кабинет направен за луѓе што сакаат нивните плочи, грамофон и аудио опрема да имаат свое место во просторот.
Кабинетот е дизајниран како компактно музичко катче — горната површина е предвидена за грамофон или аудио опрема, а внатрешниот простор за чување LP плочи.
Достапен е во три варијанти, според тоа како сакаш да изгледа предниот дел:
1. Отворен LP кабинет — 8.000 ден.
Едноставна и практична варијанта за отворено чување на LP плочи.
Најдобра опција ако сакаш брз пристап до колекцијата и минимален изглед.
2. LP кабинет со обична вратичка – 11.000 ден.
Варијанта со затворен преден дел за почист и подискретен изглед.
Плочите се складирани уредно, а кабинетот визуелно делува посмирено во просторот.
3. LP кабинет со вратичка и рамка за LP омот – 13.000 ден.
Најкарактеристичната варијанта.
На предната вратичка има рамка каде може да се постави омилен LP омот и да се менува кога сакаш.
Ова ја прави предната страна дел од музичката приказна – денес еден омот, утре друг.
Спецификации
- Наменет за: LP плочи, грамофон и аудио опрема
- Варијанти: отворен, со обична вратичка, со рамка за LP омот
- Изработка: по нарачка / преднарачка
- Горна површина: за грамофон или аудио уред
- Преден дел: според избраната варијанта
- Достава: низ Македонија, по договор
- Изработка: рачна
Зошто овој LP кабинет?
- Практично место за винил плочи
- Горна површина за грамофон
- Компактен формат за музички агол
- Можност за варијанта со омилен LP омот напред
- Рачна изработка по договор
- Производ што има функција, но и визуелен карактер
Како функционира преднарачката?
- Ја избираш варијантата што ти одговара
- Правиш резервација преку страницата со авансна уплата
- Те контактираме за потврда на деталите
- Се договара рок на изработка и достава/подигнување
По направената резервација, ќе те контактираме за да ги потврдиме избраната варијанта, рокот и деталите за достава.












Критики
Нема критики сеуште.