Уникатен рачно изработена натказна – Шејкер стил, јавор и американски орев

Традиционална изработка, современа естетика.

– Вуд-Греин Студио

Рачно изработена Шејкер странична масичка - Јавор & Американски орев 5
Рачно изработена Шејкер странична масичка - Јавор & Американски орев

Природна уметност во форма на рачно изработена наткасна.

– Каде секој спој раскажува приказна.

Американски орев и јавор, споени со мајсторство.

Уникатна рачно изработена натказна од американски орев и јavor, со рачно сечена dovetail фиока и mortise-tenon споеви. Горната плоча има магичен природен дезен, а површината е третирана со Original Danish Oil. Димензиите: 65x46x50 см, тежина 10 кг.

Оваа уникатна натказна комбинира американски орев за горната плоча и цврст јавор за контраст, создавајќи впечатлив и природен изглед што ќе ја збогати секоја просторија. Природните златни нијанси и темно кафените тонови на дрвото создаваат динамичен ефект што се менува во зависност од аголот на гледање и дневната светлина. Вистинската убавина на оваа масичка може да се доживее само во живо, а секој ден во вашата дневна може да изгледа различно поради богатството на природни бои.

Масичката е целосно рачно изработена користејќи традиционални столарски техники, без употреба на електрични алати. Сечена е и стругана со рачни алати, а фиоката е изработена со рачно сечен dovetail спој, со странични делови од јавор дрво.

Горната плоча се состои од три парчиња дрво залепени заедно, при што средното парче има магичен изглед, а сите страни и нозе се од цело парче дрво. Нозете се поврзани со mortise-tenon спој, што ја обезбедува стабилноста и долговечноста на масичката.

Димензиите на масичката се:

  • Висина: 65 см
  • Должина: 46 см
  • Ширина: 50 см
  • Тежина: 10 кг

Површината е третирана со Original Danish Oil од Rustins silky gloss, што ја заштитува дрвената површина и го истакнува природниот дезен на дрвото.

Оваа странична масичка е совршен додаток за вашата дневна соба, спална или канцеларија, создавајќи топол и природен амбиент со рачно изработен квалитет и уникатен дизајн.