Елегантен Shaker фиокар од црешово дрво – рачна изработка

Елегантен Shaker фиокар

Ексклузивна рачно изработена Shaker странична маса од масивно црешово дрво, со рачно сечена dovetail фиока и страници од јавор. Направена од едно парче дрво по елемент, со видливи влакна по целата должина на ногарките и делумно задржана природна форма на задната нога. Завршена со Original Danish Oil од Rustins за свиленкаст сјај и природна заштита.

фиокар од црешово дрво 6
фиокар од црешово дрво
фиокар од црешово дрво
фиокар од црешово дрво 1
фиокар од црешово дрво 1
фиокар од црешово дрво 3
фиокар од црешово дрво 3
фиокар од црешово дрво 7
фиокар од црешово дрво 7
фиокар од црешово дрво 2
фиокар од црешово дрво 2
фиокар од црешово дрво 4
фиокар од црешово дрво 4
фиокар од црешово дрво 5
фиокар од црешово дрво 5
фиокар од црешово дрво 1
Црешово дрво

За фиокарот…

Ексклузивна рачно изработена Shaker странична маса од масивно црешово дрво, со рачно сечена dovetail фиока и страници од јавор. Направена од едно парче дрво по елемент, со видливи влакна по целата должина на ногарките и делумно задржана природна форма на задната нога. Завршена со Original Danish Oil од Rustins за свиленкаст сјај и природна заштита.


Секој што познава природно црешово дрво знае колку е волшебна неговата црвеникава боја – златни шари на едно место, темноцрвени нијанси на друго. Овој Shaker фиокар од цреша е создаден токму за да го истакне природниот изглед на дрвото во неговата целосна убавина.

Ова парче мебел е идеално како ноќна масичкастранична маса покрај софа или акцент маса во дневна или ходник. Најубавиот дел е што во живо изгледа уште поимпресивно – во зависност од аголот на гледање и дневната светлина, црешата менува тонови, па изгледа како секој ден да имаш нова масичка во домот.

Традиционална Shaker изработка со рачни споеви

Масичката е рачно изработена со традиционални столарски техники:

  • Фиоката е изработена со рачно сечена “dovetail” спојка,
  • Страничните даски на фиоката се од јавор, што дава прекрасен контраст со црешата,
  • Страните и ногарките се споени со “mortise-tenon” (чеп и отвор) спој, еден од најцврстите традиционални дрвени споеви.

Масивно дрво – едно парче, еден карактер

Масата е направена од масивно црешово дрво од локален добавувач во Германија.

  • Сите страни и ногарки се од едно парче дрво – не се лепени од повеќе мали сегменти.
  • Горната плоча е направена од едно парче дрво кое е пресечено на два дела и повторно залепено, за да се добие стабилност и убава симетрија во шарата на влакната.
  • Влакната на дрвото на ногарките одат по должината и се видливи во целата нивна должина, што дава чист, елегантен и природен изглед.

За да се задржи максимум од природниот карактер, задната лева нога делумно ја има задржано оригиналната неправилна форма од дрвото. Наместо да се исече во совршен прав агол, намерно е оставена малку органска, „жива“ линија, како потпис на природата.

Финиш и површина

За заштита на дрвото и нагласување на неговата структура, површината е третирана со:

  • Original Danish Oil од Rustins – финиш со свиленкаст сјај,
  • Биолошки ориентирана заштита која ја остава површината “дишечка“,
  • Ги нагласува шарите, тоновите и длабочината на црешовото дрво.

Резултатот е површина која е мазна на допир, има топол сјај, но изгледа природно, не пластично.

Димензии

  • Должина: 48 cm
  • Ширина: 48 cm
  • Висина: 64 cm
  • Тежина: приближно 10 kg

Оваа Shaker странична маса од цреша е идеална за секој што:

ја обожава топлината и играта на боите на природното црешово дрво.

сака рачно изработен мебел од масивно дрво,

цени традиционални дрвени споеви наместо метални штрафови,

сака уникатно парче што нема дупликат,