Ексклузивна рачно изработен фиокар од дабово масивно дрво

Во нова авантура

Оваа натказна е рачно изработена во духот на класичниот Шејкер стил – едноставни линии, функционален дизајн и врвна изработка. Направена е од цврсто дабово дрво, со детали што ја истакнуваат природната убавина и структура на масивното дрво.

Фиоката е споена со рачно изработени dovetail споеви, користејќи традиционални столарски техники кои обезбедуваат и цврстина и елегантен изглед. Страничните даски на фиоката се изработени од јавор, што создава суптилен, но впечатлив контраст со потоплиот тон на дабот.

Горната плоча на овој фиокар од дабово масивно дрво има изразен природен дезен – шарата на влакната е резултат на внимателен избор на парче дрво, а не на фурнир или имитација. Истото важи и за ногарките, каде влакната се протегаат по целата должина, видливи од горе до долу, што дава чувство на стабилност.

Димензии на натказната:

  • Должина: 45 см
  • Ширина: 49 см
  • Висина: 64 см
  • Тежина: 9 кг

Површината е третирана со OLI-NATURA ленено масло, биолошка заштита која му овозможува на дрвото да „дише“. Маслото ја нагласува природната текстура, дава пријатен мат финиш и обезбедува оптимална заштита за секојдневна употреба, без да го „задуши“ чувството на вистинско дрво под рака.

Ова парче е совршено како странична маса, натказна покрај кревет или како масичка во дневна соба – за секој што цени рачна изработка, природни материјали и чист, безвременски дизајн.