





Studio Upholstered Series
Ексклузивна тапицирана клупа за ходник од јавор, со луксузна велур-ткаенина во тиркизно со цветен принт и заштита од дамки. Рачно изработена со традиционални дрводелски техники, без електрични алати, со mortise-tenon споеви и финиш со Danish Oil. Совршена комбинација од природно дрво и модерен дизајн.
About the bench
Оваа тапицирана клупа за ходник од јавор (Upholstered Hallway Bench Maple) е дизајнирана да внесе боја, топлина и елеганција во секој ходник, дневна соба или спална. Комбинира природно јаворово дрво и премиум декоративна ткаенина, создавајќи парче мебел што е подеднакво функционално и уметничко.Премиум велур-ткаенина со заштита од дамки
Производителот на ткаенината за тапацирање ја опишува вака:Velvet Velours Upholstery Fabric Japan Turquoise / Pink with Stain Protection – со силни и живи бои во цветен дизајн, розови цветови и жолти пеперутки на тиркизна основа. Ткаенината е многу издржлива (scrub resistance 70.000 cycles) и има заштита од дамки, што ја прави отпорна на нечистотија и вода.Тоа значи дека: визуелно е богата, живописна и современа, многу издржлива за секојдневно седење, практична за одржување – дамките потешко се впиваат. Масивно јаворово дрво – едноделни парчиња Сите дрвени делови се изработени од масивно јаворово дрво: страните на рамката ногарките Секој елемент е направен од едно парче даска, што овозможува: конзистентна шара на дрвото чист, минималистички и природен изглед визуелна хармонија по целата должина и висина Оваа клупа е создадена да го нагласи природниот изглед на дрвото, а не да го скрие. Традиционална рачна изработка Во изработката се користени традиционални дрводелски техники, без електрични машини. Работено е само со рачни алати Ногарките се поврзани со „Mortise and Tenon“ спој – класичен спој познат по стабилност и долговечност Ова не е сериски производ, туку внимателно рачно изработено парче, со посебно внимание на деталите. Заштита и финиш на дрвото За оптимална заштита и природен изглед: сите дрвени површини се третирани со Original Danish Oil од Rustins (silky gloss) Овој финиш: ја истакнува светлата и фина шара на јаворот додава благ свиленкаст сјај ја задржува природната текстура и топлина на дрвото Димензии Должина: 103 cm Ширина: 44 cm Висина на дрвениот дел: 40 cm Висина со тапацир: 50 cm Тежина: 9 kg Оваа тапацирана клупа е идеална за: ходник (обување / седнување) под прозорец крај кревет декоративен акцент во дневна или гардероберВо живо, комбинацијата од тиркизен велур, цветен дизајн и светол јавор создава впечаток на модерен, но истовремено топол и природен ентериер.


